три (бр.) - ноќ (имн.)

Можам жените да ги натерам да се заљубуваат во кучиња, а мажите во сибирски мачки и тоа сè со помош на Чедо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога чув дека веќе не е жив плачев три дена и три ноќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Целата кула мирисаше на тутун. Сѐ беше напразно...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старата беговица, мајка му на Назлам-бег, цели три ноќи не склопи очи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не јадеше, не спиеше. Така три дена и три ноќи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еднаш врнел снег цели три дена и три ноќи без прекин и од него не можело да се побегне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Три дена потоа, низ царството се рашири болест: Господ Бог пушти страшни пликови врз народот, и глувци се појавија, и земјата се тресеше три дни и три ноќи без прекин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
10. Набргу и тоа се случи: логотетот думаше три дни и три ноќи и рече: „Пресуров бев во одлуката да му го земам името на Писмородецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три дена и три ноќи Граматикот не излегувал од одајата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По три дни и три ноќи, дури сосема не се прибрав во себе и не си ја стишив болката во празнината кај што ми беше срцето, натажен и болен, тргнав на пат за татковината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Утредента падна тивок, плавен дожд. Врнеше три дни и три ноќи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се врати дома Петре, ја кладе главата меѓу дланките, се потпре врз исушениот орев и три дни и три ноќи од место не се мрдна, ни око отвори ни уста зина, ни касај касна, ни вода пивна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По три ноќи, повторно му се јави во сонот истата девојка, потопена во кал, извалкана, со слепени коси, неподвижна, отфрлена кукла, а тој ја гледаше одозгора, со очите на птица.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ако не ме разбирате, какви жени сте тогаш? Три ноќи сонувам ангел со божилак околу главата и со огнени столбови место нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја наведнеш главата и ќе ја послушаш. Поп си, занает ти е да благословуваш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден силен коњ, едно големо јоже, многу храна и еден мешин да го наполни со вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан во бојот никако не зел дел, чунки аџијата го имал покрај себе и бидејќи бил гостин, не го внесол во џенгот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се собрале големците и фатиле да мислат кого да клаат цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, сепак се освестил и рекол: - Слушај, ти давам три дни и три ноќи, во колку не се вратиш со главата на џинот, сите робови ќе бидат испоколени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мувлет ви даам да се мислите три дни и три ноќи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Три дни и три ноќи што се биле и се тепале, крв до колена беше напрајле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А за триесетте и два што ме праша, за забите ме праша.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Никој ништо не забележа, занесени во хантот и листот на кој некој отишол во мајчина со илјадарче, а другиот во минус, кој три дена и три ноќи да играш не можеш да го стигнеш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше капната од замор. Веќе три ноќи по ред немаше склопено око. На моменти заспиваше седната на стол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се сврти, забележа дека во левата дланка стегаше роза. Розата го обеспокои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Три дни и три ноќи одев пеш за да дојдам кај тебе. Сакам да ти бидам ученик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Три дена и три ноќи оѕвиваа свирките и тапаните во манастирот, се виткаа ората, не стивнуваше веселбата. А потоа завладеа мир и тишина во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Три дни и три ноќи што се биле и се тепале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Облаците не беа кренати од Плачковица, а Брегалница уште беше надојдена и матна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Негде при крајот на зимата или во рана пролет, после еден убав дожд што ситнеше речиси три дена и три ноќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ни отворија дури по три дена и три ноќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Три дена и три ноќи лудница. Ноздрите ти се постојано разјадени од смрдеа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А играле три дена и три ноќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само една ноќ, една ноќ и еден ден, две ноќи и два дена или три ноќи и четири дена.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А мувлет, реков, ти давам, од денес до задутре, два дена и три ноќи!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не јадеше, не спиеше. Така три дена и три ноќи. Ослабна, потемне.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)