три (бр.) - милениум (имн.)

Во текот на три милениуми, Медитеранот не престана да привлекува народи во селидбени егзодуси од степи, пустини и прашуми.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можно е таа да се побрка со историјата која ги поврзува техниката и логоцентричната метафизика веќе три милениума.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа континуирано било употребувано во текот на три милениуми сé додека конечно не било заменето со писмо засновано на коптскиот јазик во раната христијанска ера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)