три (бр.) - километар (имн.)

Таа, пак, се наоѓа, пак под една осамена оскруша, два до три километри поднајуг, горе на сртот на истиот овој лак и веднаш спроти старата железничка станица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако од нивниот свет нешто и остана, тоа се стражарите зад шумата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Три илјади тоа е три километри - натаму, па натаму, па натаму, па натаму - еден квадрат со страни од три илјади метри!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Два железнички моста се прекинати, три километри железничка пруга е уништена, станиците кај Сливово - Ботун -Пиесицка 215 се уништени; петнаесет километри телефонска линија; еден патен мост е затворен со одрон од земја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Паралелно со мојата одбранбена линија тие изградија сопствена, на растојание од три километри од мојата викендичка и не пуштаат никого.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набргу беше во состојба да препешачи три километри, измерени со чекори низ ќелијата, а неговите свиткани раменици стануваа сѐ поисправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Женскиот оддел на Прифатниот центар за странци беше организиран во реновираниот Поштенски дом на три километри југоисточно од Метрополата, изделен од населените места распослани на периферијата, во густа борова шума, на висорамнина од која натаму се простираа пределите на ловиштето „Рис“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Излеговме на главниот пат и, на три километри пред Алма Ата, сечиме в лево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)