Спонзор: Институт отворено општество Македонија Љубезниот „Институт отворено општество Македонија“ реши и понатаму да го поддржува ова списание, доделувајќи ни три илјади американски долари за 1997 година.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сум прочитал некаде дека уште пред три илјади години сме дошле до сите важни идеи, можеби сега ставаме само нов пламен на стариот јаглен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Решив уште еднаш да ги прелистам патописите што веќе ги имав. Беа тоа близу три илјади страници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пред отприлика три илјади и пет стотини години (т.е. неодамна) е направен голем исчекор: тоа е пронаоѓањето на алфабетот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И почна да зборува: — А бре, Толе и ти Трајко — (го позна и Трајка).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Барем така се правдаше Ѓуро кога се врати по востанието.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги најде шестотини лири и навистина купи сто и дваесет куси манлихери за нив, а од војните магацини украдоа со некои прилепчани две три илјади патрони и ги испрати за внатрешноста.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Та што се за него петстотини лири кога има две илјади овци дамазлак и три илјади јарци за трговија?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За овие дваесетина — триесет дена Толе организира известувачка служба од сите села, та уште кога Бахтијар излезе од Прилеп, тој ја разбра работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Поседувам јас самиот уште и комплетен кафез од три илјади петсто дваесет и седум малечки птички кои никогаш не ќе се смират...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Херодот ни опишува еден од најстарите, во Египет: има три илјади простории, а во речиси непристапната средишна комора закопани се кралевите и светите крокодили.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се разбира, првата и единствена примедба е цената на праќањето на тие три илјади проспекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во повоената декада, во тоа место живееја три илјади жители, но многу бргу прерасна во општина со петнаесет илјади жители.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За веќе подготвени пет книги “Темплум” деновиве треба да добие уште три илјади (3 000) ам. долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Стариот тешко воздивна и со тон на навреда рече: - Кога тука не преселија, дотеравме петнаесет илјади овци, десет илјади кози и три илјади коњи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Повторно ги воведе во употреба, како корисни, ловоровиот лист и сенфот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Прв воведе данок на откуп, од што добиваше три илјади рубли годишно.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Знам тато, три илјади метри не е за потценување. Тоа и јас го знам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во еден град ако продаеше едно парче за илјада грошеи да речиме, во друг - за две илјади; во треќи - за три илјади.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И така одејќи од град на град, дошло дури во царцкио град и тамо веќе беше го допродало сето злато, та беше се сторило прв богат во тој град.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Скендербег четврт век ѝ се спротивставувал во тврдината Круја на моќната султанска војска со своите три илјади верни војници, со бунтовното албанско население.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На професорот му беа наложиле на југот да организира полска болница со три илјади кревети.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Над три илјади Палестинци се убиени и близу дваесет илјади ранети!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настапува црниот 17 септември. Арапските легии ги напаѓаат логорите на бегалците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Три илјади“, рече тој преку главата на Винстон, обраќајќи му се на човекот во бел мантил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон се извлече од креветот гол, зашто секој член на Надворешната партија добиваше само три илјади купони за облека годишно, а еден чифт пижами чинеше шестотини, дофати една изветвена маица и еден чифт гаќи што лежеа префрлени на столот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Министерството на Вистината се состоеше, така барем се зборуваше, од три илјади соби над земјата и од исто толку под земјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Море тој ми испил три илјади гроша Кога дојдов у Канада и прв пут решив да купам алкохол за да го утепам првичниот печалбарски шок, некој ми кажа: „Кај што се продава пиво – нема вино, а кај шо се продава виски - има пиво”.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Кога Абулет наместо да му ги донесе потребните пљачки, му предал три илјади таланти, Александар наредил да се фрлат пред коњите Кога коњите не ги пипнале парите, рекол: Еве, каква полза имаме од ова што го донесе?
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
На разделувањето со Дардаванија, застанат пред триста и триесет и трите илјади играчки, измазнети, нагиздени како за на гости, со очиња оџарени од љубопитство и жед да тргнат по светот каде било, Дедо Мраз измавна со раката, одобри: - Навали народе!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Три илјади тоа е три километри - натаму, па натаму, па натаму, па натаму - еден квадрат со страни од три илјади метри!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во прво време тука ќе расте шума на површина од три илјади квадратни метри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Сега ние ја оградуваме порвшината - три илјади квадратни метри.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Под еден костен... Не под еден костен – Костенот живее само три илјади години!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Археолозите подоцна заклучија дека најмалку три илјади години пред Исуса биле умрени човекот и детето па го чекаа професорот да одгатне чија смрт е постара: на возрасниот или на малечкото.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Се работи за една епизода од вашето детство кога вие ја прашувате вашата мајка што е душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ви благодарам за прекривките, за вашата благородна мисла, која не престанува да ме следи во овие тешки времиња во потрага по спокој за пишување. Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Роже Кајоа, сакаше да н разувери во вечноста на книгата, велејќи ни дека книгата, уште од клинестото писмо на кое беа пишувани закониците на Хумараби, има три илјади годишна историја, која сигурно ќе продолжи и во новите милениуми. Така ни говореше Роже Кајоа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ова им го рече на оние три илјади борци на ЕЛАС, кои најдоа скривалиште во Булкес, северно од Белград.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еве ти и тебе три илјади рубли за почеток, вели и ми ги дипли парите на маса.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)