три (бр.) - збор (имн.)

— Mope, да си го кажа алот, комшии — почна тој и со три збора навистина си го кажа „алот".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа тој на секое два три збора обично си клаваше по едно од овие „пак, пак“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Насловите со повеќе од три збора треба да се избегнуваат; тоа се одбивни наслови каков што е:”Бракот на Младиот Сток Брокер.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мито го зеде книжулчето и длабоко воздивна, правејќи го тажно лицето како да е брат му на умирање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за" и „против" општо востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сам излезе пред гостите и со два три збора им пожела добродошлица и успех во работата, па му даде збор на Лозанчев како претставител на Централниот Комитет од Солун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој — италијанскиот конзул, — промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски и му го подаде на Мита книжулчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го галам неговото осле, покротко и од него и само го прашувам и препрашувам каде се, кај се откорнале луѓето, кај отишол и Господ-бог прашувам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А момчето исправено и загледано во морето не кажува ни три збора: доста се два, помислува, можеби не кажува и два, достатен е еден, помислува, можеби, не е неопходен и тој, помислува, можеби - тишината е нашиот мајчин јазик.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Поради некоја причина успевам да склопам само по три збора во еден ред. По цели страници за една реченица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воодушевен сум од шоуто, меѓутоа не можам да прочитам ништо од забелешките за претставата. 21.15 Почнувам да се повторувам, заборавајќи што сум забележал претходно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си мислев дека, по некоја логика, тоа “и така натаму” би требало да покрие нешто важно или, можеби, не толку важно, но во кажувањето на Волнаровски трите збора покриваа н-и-ш-т-о.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На овие три збора човек само Амин може да рече...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во Речникот на македонскиот јазик три збора стојат едно под друго: Орлица, само гледа и само памети, наизуст ги знае имињата на сѐ што било загледано нагоре.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мораше фотографски да ги меморира зашто, од необјасниви причини, не можеше да ги запомни трите зборови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И погледни сега, пресветол: значењето на три зборови го знаеме, а за тие три зборови седум знаци се употребени, така што со три зборови – седум букви од тоа писмо отклучивме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„И тоа е верно“, рече Филозофот; „Па ако е така, што значат првите три зборови? Зарем не значат: леб ќе јадеме?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И таа ќе му напише кусо, со два три збора како тој: „Ги примивме парите. Ти благодарам. Добри сме.“ И ништо повеќе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)