три (бр.) - деценија (имн.)

Немаше измени, речиси никакви, мислам дека дури и камењата не беа помрднати, како цели три децении да нè чекале, пак да нè бодат и стегаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од друга страна, повеќето уметници родени во последните три децении, не се загрижени да ја раздвојуваат апстрактната форма од фигуративната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што е со последните три децении?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Погледи на разделба (Parting Glances) за тогашниот геј-живот во Њујорк – еден од оние нискобуџетни, независни квир-филмови кои на новинарите од ТОНИ веројатно би им биле „невпечатливи“, а за кои јас, ете, имам високо мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа да ви беше уште пред речиси три децении; слаткиот реганист клубџија, да преживееше, сега ќе ја имаше заминато педесеттата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што допрва треба да се разгледува се посебните општествени фактори што го доведуваат опстанокот на геј-културата во сомнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто иднината на геј-културата навистина изгледа обвиена во магла, а многу гласови веќе го имаат најавено нејзиниот непосреден пад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Привидниот пад на геј-културата, всушност, произлегува од структурни причини што немаат многу врска со сѐ поголемата општествена прифатеност на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, излегува дека меѓу нечувствувањето никаква потреба да му се припаѓа на нешто и чувствувањето неодолив порив да влезеш низ примамливион влез на маалскион пијано-бар не зјае никаква непремостлива генерациска провалија, туку само тенок меѓуграничен појас што не е поголем од деценија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во изминативе три децении имаше огромна преобразба на материјалната основа на геј-живеењето во САД, како и во други велеградски средишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот остана верен на своето: Ние не сме богата земја, постојано да именуваме нови амбасадори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Богатите земји, инвестираат во малку амбасадори и дипломати, кои во текот на две три децении ги штитат достојно интересите на својата земја! ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, како ова да не беше доволно, па пет години подоцна – со носењето на новиот ЗРО (2005), беше избришана и оваа последна превентивна одредба која, колку-толку, ги ублажуваше последиците за засегнатите работници, особено на оние кои многу долги години, на пример и над три децении, работеле во одредено претпријатие.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мемите на самонасочување на Д-р. Споук го освоија светот за помалку од три децении.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова не е политичка револуција; тоа е повеќе нешто како културна еволуција. Бран на електронска информација. Појава на една нова раса.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)