Ќе правиме нив муслимани, бегови, аги – a кон децата: – Сакате ли, бре шејтани, да бидете аги, бегови, кадии, наши? – Сакаме дома, кади баба! – викна она повозрасното. – Дома, дома, дома сакаме-е-е... – се разнесе од сите педесет и три грла како од јагниња по забирок. – Дома, дома!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На Ѓавато не ни се дупна гума ама не дупна ѓаволот, па запеавме од три грла во еден глас, една песна се на исто место: „Черешна се од корен корнеше...”, така што желкиниот оклоп на демодираниот мерцедес се тресеше повеќе од екотот на песната одошто од дупките на патот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)