Потоа застанав пред еден споменик кој беше изделкан од камен и на кој имаше три камени вазни, сите полни со свежи црвени каранфили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Долг беше патот до Беласица... мачно беше барањето низ сосечените - уште помачно да ги препознаеш - најмачно врз нив да грамадиш камења со нокти корнати... грамадата ем да им тежи, ем да ги заштити од мршојадите... ем да ја поткрене Беласица кон небото стежнато... три камени грамади - а јас премален, обессилен, душа заизлегла - ама ми дојде мисла - Ме чекаш, Ѕвездо моја, од небески висини за мене падната...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)