трети (бр.) - ден (имн.)

Во третиот ден, кога снегот стигна до долниот раб на пенџерата, таа ја напиша и првата реченица во белиот лист.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На третиот ден Винстон отиде во ходникот на Одделот за документација за да погледне на огласната табла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Третиот ден, уште на ранина, уште неосвестени од она што се случило ноќта, придружбата на мојот прапрапрадедо, неговите слуги и камилари биле исечени од сабјите на ајдутите, така што немале време ни да офнат ни да залелекаат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Третиот ден Бошко се чудеше што да прави: дали да им ги врати парите на луѓето или да ги чува уште некое време?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)