стотина (бр.) - илјада (имн.)

Ако поверуваме дека Истанбул има повеќе од стотина илјади коли, тогаш може да се рече дека тоа се главно американски коли: „Шевролети“, „Пакарди“, „Буици“, „Олдсмобили“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едни велат дека денес Истанбул има над стотина илјади коли, други мислат дека има повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај сите се согласуваат дека има повеќе од стотина илјади коли, зашто поинаку не ќе може да се објасни она силно движење по неговите улици и уште повеќе што сиот град е претворен во еден огромен паркинг-плац.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не помалку изненадување претставува големата изложба на книги, организирана во една огромна изложбена зграда, на пет ката, каде што на штандовите имаше прикажано над две-три стотини илјади разни книги, книжевен фонд каков што би посакала ода има секоја позначајна библиотека во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако не бев овде, веројатно никогаш не ќе знаев дека Белгија, од која секоја година кај нас летуваат стотина илјади души, е могу развиена туристичка земја и дека од туристичкото стопанство има позитивно салдо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
“Erekcija znanja” splasne. Most-duga od kukica reči nalik boromejskim čvorovima se sruši, rasprši u tačke-reči-boje- kapi, koje onda padaju na zemlju, pa ih lepimo u ove kolažne albume, uz neophodni prostor, razume se, za sledeću dominu, za sledeće parče slagalice, продолжува, zapisuje taj slikar, dok Pandalf posmatra jato me-hura-selica (maleni lebdeći Fjodori) koji strpljivo čekaju da ih vrh piramide deflorira, pa da se vrate kući. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
III дел И така стана обичај секое празнење на Фјодоровите црева да резултира со неколку стотини илјади марки профит.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од друга страна Апфелблум го паметеше напредокот на својот талентиран ученик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жешов не беше мало место и во него се одвиваше жива активност, па сепак, брзината со којашто напредуваше, му го направи тесно ова место со над стотина илјади жители во кое се одржуваше интензивен трговски, но и духовен живот, каде се појавуваа весници на јидиш, беше формиран ционистички центар во кој Корец, сега со згаснати очи, тонејќи во сеќавањата и така излегувајќи од затворските ѕидови, се гледаше себе си, онака млад и запален активист под влијание на енергичниот рабин Апфелблум чии текстови во кои цврсто се заговараше ционистичката идеја, заедно со неговото име, многу познати меѓу ашкенаското еврејство, беа врежани и во неговата свест.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)