Вистина бил богат, имал коњи и овци, но бројот е увеличен. Немал двесте и педесет коњи, туку сто и педесет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Даниелс бргу се утврдил пеејќи оперски улоги првобитно компонирани за високите, моќни гласови на кастратите од седумнаесеттиот и од осумнаесеттиот век (пејачи кои во детството биле кастрирани за да го задржат сопранскиот гласовен опсег и за да се квалификуваат за доживотна кариера како исполнители во еднополови црковни хорови.) Во текот на изминативе сто и педесет години, сѐ до многу неодамна, таквите улоги секогаш ги пееја жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се поздравувам со стариот, и при тоа Господ не му го спомнувам, само велам да брои до сто и една и в рака му пикнувам кутија цигари и ќесе кафе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога ја видов, помислив дека има сто и педесет години, нешто повеќе, нешто помалку, но тука. Беше збрчкана, штрбава и грбава.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Сто и педесет рубли за шинел! – извика кутриот Акакиј Акакиевич, можеби за првпат откако се родил, зашто секогаш се одликуваше со тивкост на гласот. - Да, рече Петрович, и тоа зависи каков шинел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На пример, Министерството за изобилство беше предвидело производство на сто и четириесет и пет милиони чифта чизми за тој квартал.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Партијата тврдеше дека стапката на смртноста кај децата сега изнесува само сто и шеесет на илјада, додека пред Револуцијата изнесувала триста - и така натаму.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во секој случај, бројката од шеесет и два милиона не беше поблиску до вистината отколку бројката од педесет и седум милиони, или од сто и четириесет и пет милиони.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тргна кон центарот на градот и по изминати сто и педесет метри забележа жена во црно како тромаво се движи по тротоарот. Ете, во неа ќе се заљубам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ете, Кузе, пред Господ и Богородица ти давам... – ја отвори кутијата и почна да брои: сто и дваесет и две лири, седумдесет и осум наполеони, три златни белезгии, три златни шердани, четири сребрени пафти, еден сребрен колан, шест златни прстени...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таму застанаа некаде, меѓу некои обраснати ѕидишта, офицерите се сретнаа со други офицери после што војниците направија обрач околу зелената ограда на некоја неголемка ливада сред која беа наседнати и некако забиени еден во друг цела толпа од околу сто и педесет мажи од најмали до најстари, немоќни старци со кечиња, забрадени или небричени, со испиени лица како да гладуваат, со пропаднати очи и со веднати глави и замислени лица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)