А бидејќи единствената домашна традиција врз која можеа да се потпрат овие обиди беше усна, во руската книжевност во седумнаесеттиот век се јавува силното влијание на фолклорот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во седумнаесеттиот век, Реџиналд Скот, Едвард Џорден и Томас Вилис во своите истражувања тврдат дека лудилото не е сојуз со Сатаната или опседнатост од него, туку болест на нервите и умот, но увереноста дека помрачувањето на умот е предизвикано од мрачните сили ќе потрае и меѓу интелектуалците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини ѓаволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во седумнаесеттиот век, спротивно на француската тенденција сосема да ги галицизира Грците, одејќи до детали во мебелот и облеката, германските преведувачи остро се спротивставија на ваквите стремежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Хетеросексуалноста лека-полека се раѓала меѓу средните сталежи во Англија, во Северозападна Европа и во нивните колонии уште од крајот на седумнаесеттиот век.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)