71. Во октомври-ноември 1902 год., како претседател на ТМОК и како член-основач на МНЛД во С.Петербург, К.П.Мисирков имаше повеќе средби и разговори со најистакнатите словенофили во руската престолнина и притоа од прва рака ги дознае нивните ставови и спрема руската балканска политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа Сарџент сугерирал дека било потребно да се испита "уште еднаш природата на овој стар и неразбирлив проблем за Македонија и нејзиниот однос за скорешната идеја за словенска федерација, вообличена од Југославија, Бугарија и Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бидејќи вакви теренски испитувања се значително ретки во нашата држава, покрај првичната цел поврзана стриктно со конкретниот судски спор кој е во центарот на нашата анализа, гледавме ова истражу- вање истовремено да го искористиме и за прибирање податоци „од прва рака“ во врска со [не]запознаеноста на работниците за низа, навидум стручни, а всушност секојдневни прашања со кои тие се среќаваат на работното место (на пример: дали знаат како се формира синдикат на ниво на работодавач?; дали се запознаени како тече процедурата за организирање штрајк?; дали имаат информации за корупција кај трудовата инспекција? и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради неможноста да се добијат информации од прва рака, Владата на Неговото Височество не можела да заземе став во однос на настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)