„Зошто не можеш да го ‘поминеш‘ првото одделение?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дека Ирис ќе биде љубовта на неговиот живот, Р знаеше уште во прво одделение, кога ѝ го крена фустанчето за да види од каде ѝ растат нозете.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Бевме во прво одделение кога ги имавме Џеки и Белчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Пелагија и Перса, секоја на свој начин, ја подготвуваа за есенскиот миг кога требаше да ја однесат во училиштето Браќа Миладиновци за да ја запишат во прво одделение.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога завршив прво одделение, а тоа беше одамна, многу одамна, ми подарија за одличен успех неколку малечки, шарени книшки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„До лани одев, ама сега не одам зашто не можам да го поминам првото одделение.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За трите први одделенија ќе треба да подготват осумдесет и девет дупки, значи, барем по десет дневно и тоа во време од 8 до 10 часот, зашто попладне се на настава.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)