Забелешка:
   треба што подетално да се објасни
   случајот кога обајцата здогледавме
   некои црвени дрвја
   немоќни да прозбориме
   свесни дека црвените дрвја се зборот
   кој го означува раѓањето
   на овој културно- историски споменик
   под заштита на државата
   дека црвените дрвја се знак
   за нашето враќање
   во петтиот век
   и дека го разбираме
   јазикот на тоа време.
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)