Биди жив и здрав, ќе си одиме и ќе а земиме Рожденкината чупа. Пет пари да не даваш од попот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лај, лај колку сакаш, ама тебе ќе ти гние грбот како на магарицата наша, јас пет пари не давам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ела сега кај што те водам јас. Да видиш овде што вино има! Она горе пет пари не чинеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа вака го објасни тоа: „ Кога водиш љубов, ти употребуваш енергија, а потоа се чувствуваш среќен и пет пари не даваш за ништо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На прашањето на новинарката за изборот на просторот за организирање на неговите творечки можности, режисерот изјавува дека е претставник на генерација која пет пари не дава за институционалната уметност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пет пари не даваат дека ги гледаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ИЛИЈА: По некоја дакика така носи пет пари скршени да свршуваат поголема работа отколку една бела меџидија подоцна.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Да го обесиш со нозене угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо) Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме работата да ја земе Никола Стефанов?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
САРА: Не чинеше ни пет пари. Дајте ми нешто за пиење. (Стево збунето ѝ тура пијалак). На здравје. Каде постои музиката?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пет пари да не давам. Ама пуст обѕир. Ова може, ова не може, и квит. За сѐ има некој ред.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)