Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)