Едо потоа почувствува таква мачнина и тежина во стомакот што му се чинеше, како што се вели дека ќе пукне и се чудеше како Муса со дваесет и осум јајца во стомакот уште е жив па дури и прилично живикав, со поткренато расположение.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И така тука не бил од времето кога уште пред години пријателот Муса кој подоцна се исели од Труција, го однесе на ручек во бањата во Банско каде што успеа да изеде осумнаесет јајца половина час варени во бањскиот извор на температура од околу седумдесет или седумдесет и пет степени, додека неговиот пријател Муса лакомо изеде цели дваесет и осум јајца.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)