осум (бр.) - час (имн.)

Потоа се појави МBDB, па МDOH, која што многу личеше на МDА - траеше осум часа, предизвикуваше халуцинации, беше многу пријатна ако тоа си го сакате, се разбира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
МDЕА беше легална во Холандија цели две години пред владата конечно да ја забрани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување! (чл. 13, ст.1-3 и ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот спор, во којшто имаше и вештачење од стручно лице- економист (М. Начарова), траеше една година – за да во месец октомври 2003 судијката (В.Мојсова) донесе пресуда во корист на Кирова, која нејзе ѝ е доставена следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што се однесува пак на работното време, работниците се приморувани да доаѓаат минимум 15 минути пред почетокот на официјалното работно време, а во сличен манир, нивната работа никогаш не завршува после осум часа, туку како по правило секогаш им се додаваат по 15-тина минути „прекувремено“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи немаше досудени времени мерки за времетраењето на спорот, таа – потпаѓајќи под финансискиот притисок на секојдневието и, мимо решението кое го беше добила од Фондот за ПИОМ, про- должи да оди на работа со полно работно време од осум часа дневно, како би можела да добива и хранарина – која сума, барем за неа, не беше воопшто за занемарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите постапки на работниците се постојано мониторирани, а над нив се врши константен мобинг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Појадувавме едно парче леб со кашкавал или салама и чаша чај или млеко. Во осум часот ни почнуваше наставата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Арена ги вклучува и двата мали купа од тенки правоаголни плочи изработени од: филц, восок, железо и бакар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука се сексуалните и социјалните грешки (јунаците на неговите филмови се на маргините на општеството), потоа фетиш кон другите типични грешки во медиумот и базирање на естетиката врз нив, како и фетишизирање на цивилиза­циските грешки (униформираност, конзу­мер­ ство, отуѓување) и нивно славење.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кинестезијата во овој случај е заснована на преминувањето на дента во ноќ (и во кулминацијата на фил­мот, на палење на светлата на зградата) со повремено прелетување на птици, движење на облаци, како и со видливи промени на филмската лента.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Паралелно на ова, најекстремен облик на воајеризам во Ворхоловото дело (па и во филмот воопшто) е способноста на маши­ната (механичкото око) постојано и непо­движно да фиксира еден објект осум часа (творецот, односно гледачот на филмот Empire е монструм што ужасно долго без прекин yвери во една зграда).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во една прочуена акција од 1972, кога инсталацијата се појави во галеријата на Лучио Амелио, Бојс помина осум часа испружен на подот стрпливо триејќи ги овие плочи со масло, за да ја драматизира неговата идеја за скулптурата како „батерија” која акумулира енергија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи елементарната кинестетичност е условена од природата на медиумот, Ворхоловото сликање на неподвижен објект со неподвижна камера во траење од осум часа може да биде доживеано како исмевање на основните атрибути на филмот, а Empire како најконцептуален филм некогаш снимен, или пак како најдоследно спроведен реализам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некој таксист овде ја довлекол без да ѝ земе пари и одовде жената и детето се упатија кон Хагено, со воз, кој ќе ги носи уште полни осум часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, работниот ден за ваква заработувачка не трае осум часа, туку повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вчера во осум часот Госпоѓа Беранж, домарката, почина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сега ноќите стануваа сѐ пократки и се стемнуваше пред осум часот, но тие продолжуваа да седат во темница.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од позитивните промени ќе ги издвоиме: скратувањето на полното работно време од 42 на 40 часови неделно; воведувањето на антидискриминаторски одредби; максималното траење на прекувремената работа се намали од десет на осум часа неделно односно 190 часа годишно и дојде до зголемување на правата на малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително се пропиша дека работното време на овие лица не смее да надмине осум часа во период од 24 часа. (чл. 8 од ЗИДЗРО/фев.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен тоа, мислев, преуморен е, со над осум часа возење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас стигнав таму во осум часот наутро и затекнав само еден човек во елек и без палто, мошне скромен и љубезен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го паметам првиот ден на мојата работа, што требаше да ја започнам во некоја сонлива канцеларија за товарен транспорт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во Скопје пристигам во осум часот, му се јави возбудено Ивона на својот драг пријател.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Осум часови работа во оваа влажна дупка ја прави кожата тенка, болно прозрачна, залепена на јаболчните коски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Остануваа само кофите и копаничината, а тие и тука савезден си стоеја таму - за да можат, ако им притекне, да се напијат вода старците, децата и намерниците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега, во осум часот, кај Сена спијат, а можеби и не спијат, дваца кловнови - Жан Мартин и Тони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секој ден џогирам по скалилата, околу осум часот навечер.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од човекот се бара дванаесет часа акција, четири часа одмор и рекреација, а осум часа комплетна пасивност, т.е. сон. Па, луѓе, акција! ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше договорен со Татко да ја започнат работата во осум часот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Околу осум часот, ветрето од запад веќе имаше почнато да дува и заладуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште една промена кај оваа материја настана со измените на овој закон – имено, во октомври 2009, максималното траење на прекувремената работа се скрати од десет на најмногу осум часа во текот на една недела (чл. 5, ЗИДЗРО/окт.09); д) во август 2008 се избриша изречната забрана која предвидуваше дека работникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела (чл. 11, ЗИДЗРО/авг.08). 17 Тука ќе го спомнеме и воведување- 17.  ССМ реагираше дека работникот може да биде принуден да работи ноќна смена во текот на целата година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Стојам по осум часа на дождот и ги паркирам возилата на американскиот џет-сет: млади плејбои во „естон мартин“, доктори во „јагуар“ и адвокати во „масерати“, криминалци во „кадилак ескалејд“, спонзоруши во евтини „тојота“-модели, богати сопруги во „ес-ју-ви“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ноќна прошетка Леонард Мид највеќе го сакаше градот ноќе, кога можеше во магливите ноемвриски вечери околу осум часот да зачекори на тротоарот, да цапка по изгазениот тревник, онака, со рацете в џебови и во која било насока низ таа прекрасна тишина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И одеднаш - музика.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некаде околу осум часот командантот ги викна командирите на четите и разговараше со нив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вистина, професорската димензија на Бојс се среќава во неговата изложба најмалку онолку пати колку што има и црни слики.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие можат да се видат во витрините, ги има во повеќе инсталации; особено присутни се во композицијата нас­ло­вена како “Водечки сили”, каде стотина од нив се расфрлани по платото во онаа состојба во која ги оставил Бојс за времетраењето на изложбата “Art into society, society into art”, а на која присуствувал секојдневно, од пладне до осум часот навечер и водел еден вид отворен семинар за “водечките сили на едно ново општество”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првиот пат ја гледаше цели десет часа и заборави да јаде, а потоа ја гледаше секој ден, три пати по осум часа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не го зедов мобилниот со себе, но по сите претпоставки мислам дека беше некаде пред осум часот изутрината кога се случи големата катастрофа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Четвртина од месецот и две осмини со зелка, сто шеесет и осум часови радост и болка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Со автобусот број 3 во осум часот заминаа до крајната постојка, кај основното училиште „Кочо Рацин“, оттаму влево по стрмната улица кон рекреативната патека - кон Средно Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најмногу му се бендисуваше тоа дека во тоа ново општество на секој денот и ноќта праведно ќе му бидат распоредени: осум часови работа. осум часови спиење и осум часови учење и забава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
10 Станав рано тој ден. Околу осум часот наутро.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Работев осум часа дневно, а за тоа не земав плата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас бев на филмски фестивал, а кутрата моја мајка мора да слуша некаква глупава „Сто и една приказна“ и да си легнува во осум часот. Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш бев среќна што си имам свое сопствено детство!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)