осум (бр.) - месец (имн.)

Се приближи до селото. Прв пат доаѓање дома по осум месеци...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Врелиот воздух на австралиското лето веднаш продре во собата и за миг ја уништи свежината на климатизерите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шест до осум месеци – си повтори и го отвори прозорецот на спалната соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Друштвото доби свој нов газда- сопственик и, само осум месеци по трансформацијата на сопственоста, се јавуваат и првите проблеми при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува: 1) еден месец – ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци; 2) два месеца – ако има стаж на осигурување над 18 месеци до две и пол години; 3) три месеца – ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; 4) четири месеци – ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; 5) пет месеци – ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; 6) шест месеци – ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол години; 7) седум месеци – ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 години; 8) осум месеци – ако има стаж на оси- гурување над 15 до седумнаесет и пол години; 9) девет месеци – ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 години; 10) десет месеци – ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол години; 11) единаесет месеци – ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За ревизијата одлучува Врховниот суд на РМ – без расправа – и тој одлуката ќе ја донесе најдоцна во рок од осум месеци од денот на приемот на предметот во работа (чл. 373 и чл. 382, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци (чл. 65, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој период Марковски ја извршуваше дејноста – комерцијалист т.е. референт по набавки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ревизија се поднесува до судот што ја изрекол првостепената пресуда, во доволен број примероци за судот и за противната странка, а поднесената ревизија не го задржува извршувањето на правосилната пресуда против која е изјавена (чл. 379 и чл. 374, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Клетвата си е клетва, зошто не пазеше? Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По барање на Гоце, тие на гемиџиите им дале 250 лири (добиени од “откупот“ на мис Стон) за нивните потреби, но овие пред Задграничното претставништво ја примиле обврската за осум месеци да не преземаат никакви акции, зашто Организацијата очекувала преку Солун “увоз“ на голема количина пушки од Грција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Осум месеци чмаам овде. Низ иглени уши поминав...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ваквата формулација дава можност работникот да склучи договор за вработување на неопределено време, што секако е позитивна промена, но временскиот период од 2 години како минимален рок во кој работникот треба да продолжи да работи е несразмерно долго утврден и умесно би било да се размисли за сведување на овој временски услов на 6 месеци; ѓ) кај сезонската работа дојде до нејзино поблиско дефинирање како „работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци“ (чл. 6 од ЗИДЗРО/фев.13) Инаку, ова е втор обид да се дефинира максималното траење на сезонската работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Го погледна мостот и се успокои, бидејќи овој беше од камен свод, та не можеа бунтовниците да ги насечат диреците како на оној на Светецот пред осум месеци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Какви ли беа станале тие доле под витражот?... Нема утка!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе осум месеци како бев отишол!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1856 година, во изнајмената соба над една ковачница, во која живеела со сопругот по венчавката, на свет го донела Зигмунд, следната година го родила Јулиус, кој умрел осум месеци подоцна, а потоа се родила Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толку им се допадна што таму поминаа осум месеци, и толку многу им одговараше што купија стан во старата каталонска населба Хорта, стар и небезбеден, но со повеќе доволен простор отколку за пет деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ништо не знам“, рече Сатурн. „Побарајте ја во Сарагоса.“ Ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Големото тркало со шуплива внатрешност кадешто Боб ќе живее шест или осум месеци, тргнувајќи потоа кон месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)