осум (бр.) - илјада (имн.)

Замислете, седум до осум илјади наши борци да се најдат зад грбот на непријателот?!... Што би правел тој?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заспиваме среќни и се будиме среќни, знаеме дека сме сакани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Осум илјади бакнежи и осум илјади нежности за тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Климент Камилски располагаше со студијата на Петар Скок, Restes de la langue turque dans les Balkans, објавена, во белградската Меѓународна ревија за балкански студии во 1934-1935 година, подоцна успеа да го најде штотуку излезениот речник во 1957 година во Сараево на Абдулах Шкаљиќ, Turcizmi u narodnom govoru i narodnoj knjizevnosti Bosne i Hercegovine, во кој биле обработени осум илјади турски заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред осум илјади години нашите предци имале чувство за сите овие науки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој опсерваториум постоел тука на овие простори повеќе од осум илјади години, но никој не го видел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бев и до Охрид по широката калдрма од бел камен, сѐ крај езеро. Осум илјади чекори. Патот го поминавме за три часа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Фативме адвокат и тој направи тужба до судот; во неа смртта на Ѓеро ја процени на четириесет и осум илјади лири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во 1973 г., во Гејелоу пејџис биле наведени 118 геј-барови во Сан Франциско; сега ги има 33.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контактите можеш да си ги бираш од оние видови луѓе на кои веќе гледаш со одобрување, според своите необмислени, нереконструирани критериуми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој ден за услугата се регистрираат осум илјади мажи“.453 Не е ни чудо што Томас прашува запрепастено: „Значи ли двојниов удар од главнотекувањето и од технологијата дека црно им се пишува на геј-баровите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Томас проценува дека „бројот на геј-барови (во поголемите градови) се намалил од врвовите достигнати во 1970-тите...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врвот во Менхетн бил во 1978 година, со 86; денешниот број е 44“.452 Во меѓувреме, „Грајндер почнал со работа во март, 2009 г., а сега има над два милиони корисници, од кои половина се во САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Историјата на земјата започнува можеби осум илјади години пред Христот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние, највисоките дипломатски претставници од стотина земји се упатуваме кон местото на големиот медитерански масакр матанѕа кој трае веќе илјада години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Илјадници селани од околните и подалечните македонски села заедно со седумте или осум илјади партизани на ДАГ цели седум месеци копаа ровови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега, по многу одминато време неизбежно во мозокот се вклинува прашањето: која беше целта тие, осумте илјади партизани на Демократската армија на Грција да влезат во ровови и бункери и само со пешадиско оружје да ѝ се спротивстават на осумдесет илјадна владина армија облечена и сита и вооружена со најсовремено оружје?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Светот станува соседство во кое едно лице оддалечено осум илјади милји може да биде “овде, под твојот прозорец”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во минатото, пријателството и интимните односи беа ограничени на локалните географски или случајни средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Социјалните и политичките импликации на оваа демократизација на екраните се огромни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)