Враќајќи се кон масите на Safe House, имав среќа да налетам на Франц, човекот кој го создаде киселинскиот тест за Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа за него стана мисија пред осум години, кога некој турил LSD во пијалокот на неговата 20-годишна ќерка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Иако сè почна многу надежно. И пак: Сводот е покриен со сивокрили ангели со леден поглед... Не, во професорската канцеларија, седнати на удобните фотелји, рабините од семинаријата пијат чај во фин порцелан и зборуваат за него. ...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Или времето од осум години беше прекратко, или влијанието на Жешов, Виена и Берлин преголемо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа раздобје е како некаква пукнатина во мојот живот, пукнатина во траење од осум години.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Знам, меѓутоа, што правев за тоа време, каде и како живеев тие осум години, но тоа го знам апстрактно, делумно како некој друг да ми раскажувал спомени во кои верувам, но кои всушност не ги поседувам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Доколку сакате врз мене да ги примените библиографско-биографските критериуми, можам да речам дека првата книга ја напишав доста рано, а потоа осум години не напишав ништо.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Документот бил во бункерите на ОРТФ осум години.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Заедно растеа, заедно во едно лето пред седум или осум години ги откриваа убавините и привлечностите на планината, трчајќи, скокајќи по ритчињата и полјанките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Ваквото играње [активни/пасивни] улоги, како строга разграниченост, изгледа сè повеќе го снемува“, додаваа, уверувајќи си ги читателите дека денеска „повеќето геј-мажи би го отфрлиле“ таквото играње улоги „како ’застарено’ и ’неослободено’“.68
Само осум години порано, во 1969 година, Вајт беше на една многу поинаква линија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Забраната за образованието не ја натера да се оддалечи од него; му стана уште поприврзана, ги мразеше сите жени кои му беа блиски: си ги мразеше сестрите, ја мразеше тетка си Мина затоа што патуваше често со брат ми, ги мразеше и госпоѓите кои, покрај брат ми, ја проучуваа психоанализата, и единствено со една од нив, со Лу Саломе, ја врзуваше блиско пријателство, нешто што можеби ќе се претвореше во голема и страсна љубов, да не му го имаше ветено своето срце на друг – на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш имаше триесет и осум години; две децении пред тоа го молеше татко си да ѝ дозволи да студира медицина, но Зигмунд веруваше дека студиите не се за девојките, па таа, како и Матилда и Софи, не се запиша на универзитет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас тоа го извршував со такви напори, што на осум години еднаш го видов татко ми да ме земе за рака.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој пред три или пред четири дена умре и можете да си замислите, цели четиристотини okno.mk 155 илјади помалку во државната каса оставил.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кога Коуан започнал да го раководи институтот во Санта Фе пред осум години “за да го поттикне истражувањето на сложеноста”, тамошните истражувачи започнале да се прашуваат дали новопојавената теорија за сложеноста може да се примени врз адаптивни системи, како на пример врз клетки, организми или цели економии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сума за вдовиците и сиромаштијата и само тој раководел со нив, така што него осум години не го прегледувале.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе го отвориш ќерко точно за осум години и еден месец. Ни ден порано.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој - единствен син на мајка, без татко, таа - полна љубов, ама јалова, набркана од свекрвата зашто ни по осум години во шталата дете не заплакало.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На Александар малку му беше смешно тоа што и кога има цели дваесет и осум години и кога зароботува свои пари, неговите родители, посебно татко му, се уште се грижат редовно да јади, како во времето кога беше прваче.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ќе те препознаам помеѓу илјада, тебе и твојата руса коса, која по осум години ја има истата должина, некаде до вратот, кој беше совршено млечно бел пред да се омажиш за гардиски капетан кој ги плаќа сите глупави козметички третмани. Нема љуфка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тинејџерите во сиромашните квартови во земјата од седум – осум години тренираа некоја боречка вештина и фантазираа еден ден да ја облечат сината униформа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Познавав едно такво момче, на возраст од околу осум години, чијшто успех во играта ’пар-непар’ предизвикуваше општо одушевување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бев малечка, не паметам точно, можеби седум или осум години.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На него работев осум години, а воопшто не е завршено.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Како одамна кога имаше шест или седум или осум години, тој човек, сега бел, подгрбавен и очаен од необјаснивните стапици на судбата и од далечните тајни на сувиот бунар од неговото детство, попушташе со секој нерв и во секој зглоб пред своите визии.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога после осум години постоење 1913 г. групата се растурила, имало 68 такви членови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тој беше испарен кога имав осум години...
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тетка Асја веќе осум години живееше со посредување во давањето услуги за, како што велеше, празнење во малото, но добро уредено одајче во приземната куќа на улицата Ноемвриска.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А таа ете ја веќе порасна. Поминаа седум, осум години од Ѓелевото грабање.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Главната личност, сликарот Трошчејкин е опфатен од ужасен страв: од затвор излегол Барбашин, кој пред осум години го заплашил дека ќе го убие.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога Нешка наполни осум години, таа се реши да ја прати на училиште.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По него, на десет дена, и жена му, та останаа две деца сирачиња, Анѓа од единаесет и Петре од осум години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Премрежје во живот ќе има на дваесет и осум години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Свекрва ми не мрдна ниеден мускул од лицето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ама некако се одвикнав да јадам месо, веќе осум години не сум јадела.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Вашата ќерка Мими ќе е кај нас осум години.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Осум години обичен прост војник. никогаш ненајаден и секогаш хранител на вошки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Осум години не одрами пушка и веќе навика му е да слуша и да извршува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во четириесеттите, кога битниците беа меѓу три и осум години стари, нивни домашни медиуми беа радиото, филмовите, плочите, книгите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Припадниците на повоената (беби-бум) генерација се телевизиски гледачи - биверси на 50-тите и вовлечени во хипи движењето во 60-тите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Николче, средниот, имаше шест, Јосиф, најмалиот, четири, а јас имав осум години.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Фирсов го држи досието и ми вели: — Вчера се одржа заочное39 судење и судот ве осуди на осум години концентрационен логор со принудна работа, условно... по член 11, ставка 4, 6 и 8, вели, му ги слушам и запирките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ако не признаете за осум години, ми вели Фирсов, ќе добиете уште осум.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Зар верувате во лаги? — По осум години и вие ќе заверувате.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Моето неспокојство и нестрпливоста растеа, зашто „нашата среда” со тоа нејзино патување уште повеќе се одлагаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога имав осум години, сакав да имам дванаесет, кога наполнив дванаесет, се си велев, ќе станам ли јас еден ден голема, ќе престанат ли веќе еднаш да ме сметаат за дете?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми кон крајот на април ги почна вообичаените подготовки за своето патување во Кан, каде што на филмскиот фестивал службено одеше веќе осум години по ред.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)