Во мигот, и обајцата, како по команда, ги упатија погледите кон големите слики на Тито и на Сталин, обајцата во маршалски униформи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Климент Камилски беа врсници, родени обајцата во 1898 година (дури ќе починат во истата 1976 година).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата во оваа книга гледаа колку е голема ироничната моќ на литературата, а безгранична глупоста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но и обајцата во тоа не беа до крај убедени: Камилски предупредуваше на јаничарството што продолжи во други модифицирани, и не помалку опасни облици на Балканот и во Европа и по неговото крваво задушување.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата, секој одделно, дојдоа до замислата и обајцата во заклучокот на нивниот проект да состават Речник на опасните османизми, претставувајќи ја нивната хуморно-гротескна конотација, ослободувајќи ги од нивната драматичност во историјата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пребаруваа и обајцата во свеста да не останала уште некоја значајна ориентална заемка која и натаму фрагментарно живеела отелотворена во просторот и можела да најде место во нивната конечна листа на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Два члена на кинеската делегација, помладиот повисок, обајцата во „маовки“, се симнуваат по скалите од првиот кат (простории за состаноци).
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
– Како така? – свикаа обајцата во еден глас. – Па така. Не може. Малечок е.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не обрнувајќи внимание на филмот кој повеќе или помалку се одвива на платното во авионот (и кој пригодно е стопиран среде една сцена на потера со специјални ефекти), се потчукнуваме со рабовите на чашите при придушената светлина на кабината и наздравуваме на Нашата Приказна До Сега, која можеби допрва почнува благодарејќи на тоа што обајцата забележавме дека нејзиниот/мојот привлечен сосед во списанието на авио-компанијата ја гледа истата илустрирана статија - „Островски засолништа”, да речеме дека се вика - и во еден забавен разговор откриваме дека обајцата во едно претходно животно поглавје еднаш сме престојувале во омиленото засолниште на оној другиот, речиси иако не баш во исто време, но заправо во ист хотелски комплекс, Кајо Олвидадо, и, освен тоа - пази сега - дека обајцата во текот на тие романтични ескапади (едниот тогашен пар бил венчан, но не на меден месец, другиот бил на меден месец, но не и венчан), нуркајќи долж коралниот гебен близу до плажата сме пронашле и земале по една страница искината, одлепена или на друг начин одвоена од некој роман во мек повез и ставена во шише како повик за помош; нејзината била сува како коска, на дното на морето, во добро затворено мало шише од рум поради необјасниви причини до пола наполнето со камчиња за да потоне, а неговата парадоксално плуташе во исто така добро затворено бардаче за вино полно со морска вода и поставено на суво место високо на коралниот гребен. Quelle coincedence! Quel симпатична средба, сега кога се сретнавме!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сепак некој се сетил да ги побара треварите, црниот Ландил Димулев и малку постариот Никола Влашки, човек што половина свои дни ќе прележел по слепи зандани ако не бил итрец во малите кражби и во големата увереност дека знае што е правдина како сега што знаел од што е болен Неделко Шијак, заради што пожолтува, од што се збрчкува како стогодишна желка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Треварите, колку првиот црн толку вториот висок, се стиснале еден до друг, обајцата во мракот како еден, со една мисла во двоглавоста. - Жолтица, рекле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се разделија! Не беа заедно но се почитуваа. Судбината сакаше да се вратат обајцата во Рамалах, во родната Палестина и тука да ги закопа смртта!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Махмуд Дарвиш со тивките пораки, со длабоките метафизички засеци во душата на страдањето на палестинскиот човек сметаше дека не беше дојдено времето, вистинското време за враќање во Палестина според диктатотна договорите од Осло.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И уште нешто: иако не сум упатен каков е нивниот договор и колку се усогласени желбите на обајцата во врска со нивната неозаконета врска, отсекогаш се сомневав дека во нивните односи зјаат огромни небесни бунари натрупани со огнени облаци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)