Манлинг обајцата ги прогласува за негова "Аријаднина нишка".
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Орлен Шумков и Богоја Гулабарин веднаш отрчале да го доведат својат пијан и дотогаш мирен другар, тој пак обајцата ги стресол од себе и продолжил да се врти околу куќата на Фиданка Кукникова страшно удирајќи си ги со тупаници градите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Двајца пријатели на Доце Срменков отишле кај челникот на дружината и побарале да го смири пијаниот - пие и пее но во нивното село не се пее без причина и во работен ден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од самиот почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Заедничката потрага, обајцата ги поведе кон митското отоманско време...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)