обајцата (бр.) - остане (гл.)

Бути притрча да ја придржи и обајцата останаа тука, вкочанети, смраморени, кришум да набљудуваат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И обајцата останаа моќни само во световите на своите библиотеки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поминаа неколкумина. Помина и човекот кој се враќаше дома на крајот од улицата; му го чу тапкањето од чекорите по бетонскиот плочник, а потоа чкрипежот во згурата од патеката пред новите црвени куќи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Претепаните останаа по дома да се ложат со коприви, кромид и сол, се облекуваа во пресни кожи; Мисирлијата и поп Димитрија ги лекуваа со сало и катран раните на рацете, и нозете, но жилите не можеа да ги врзат, та обајцата останаа сакати, првиот од рацете, попот од десната нога. Но главно главите ги спасија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)