Настапи долга тишина. Обајцата беа загледани во различни книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Обајцата беа воодушевени од читањето на романот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Нема лутење, братче“, Љупчо ми подаде рака.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Брзаница испив само шолја млеко и се стрчав наудолу.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Вчера обајцата бевме бесни кучиња.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Обајцата беа во поодминати години, а со истиот занес од младоста. Тешко се приспособуваа на заедничката работа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И обајцата беа обземени од возбудата дека во нивните библиотеки се кријат книги за кои тие никогаш не знаеле дека можеле да постојат на Балканот, а им биле насушно неопходни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко и Камилски завршија со разгледот на првите десет османизми со генерално значење, првиот османизмите со навидум позитивна конотација, а вториот со негативна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата беа пленици на голем и неостварлив сон. Татко на источниот, Климент Камилски на западниот сон. И така обајцата се надополнуваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, на крајот, и обајцата беа убедени, покрај постојните резерви, дека мора да одат напред, во својата потрага, барем да се пресметаат со стотина зборови, избирајќи ја гротеската, хуморот како најмоќно средство за нивниот наум, верувајќи дека само така ќе има некаква смисла нивниот проект и ќе остават некаква трага за идните времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но и обајцата беа свесни дека уште многу копја, односно пера, ќе се кршат во иднина за одредување на неговото место во историјата на народите на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски постојано се ближеше до заклучокот за поимот инает, за неговото место на замислената листа, на турцизмите, но никако да стигне до целта, до конечниот предлог.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И обајцата беа согласни со тоа дека во лексичкиот фонд на секој природен јазик постојат домашни и заемени зборови зашто не постои јазик во изолација, не постои јазик кој е чисто свој.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, во деновите на потрага со Камилски, небаре обајцата беа во едно друго суштество што го создаваат и настојуваат тоа да биде ние!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира, со тоа не беа исцрпени сите области, но компромисот беше неизбежен, обајцата беа свесни дека не само што не ќе стигнат до уште стотици заемки, туку нема да опфатат и други недофатни области.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
9. Ѓаволот ќе знае зошто го помнам сонувачот Маркс Баш во пабот Spanniards Inn во Лондон Но кога веќе го спомнав пабот Редно е да ви кажам дека таму често навраќаа И поетот Џон Китс и писателот Чарлс Дикенс Обајцата беа големи љубители на сонувачки пасијанс Па си редеа ред сон ред јаве И уште ред смеа ред тага Отпосле за нив се дозна дека му припаѓале На редот на големите сонувачи
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Обајцата беа среќни што заминувам токму во Франција.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И обајцата беа во маршалски униформи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Обајцата беа бели и знаеја дека еден од нив ќе мора да попушти а тоа не го сакаше ни едниот ни другиот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И обајцата беа осудени на земји без враќање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)