еден (бр.) - место (имн.)

Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двете екстремни карактеристики беа на едно место.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговите изложби стануваа сѐ побогати, посетителите побројни, а посмелите од младите ликовни критичари сѐ подарежливи во своите пофалби; така што Гого почна да се занесува со замислата за една голема, во извесна смисла ретроспективна ама и репрезентативна изложба, во која ќе ги покаже на едно место најуспешните платна од својот дотогашен развој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никогаш не ја минуваше ноќта на едно место. Не спиеше повеќе од три- четири часа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во годините минати во Картагина, каде што Арафат имаше еден од своите домови, тој се провлекуваше како вистински фантом.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со овие можеш да купиш само едно место во автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе се држи за мешето и рацете и колената ќе ги собира на едно место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Господе, мрморат луѓето, кај се најдоа на едно место толку орли и штркови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)