Им се сторило дека и земјата под нив се подмладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколкумина, исполегнати на душеци на подот, се мачеа со уште еден здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Аниз Колц, белгиска поетеса Го прочитав романот Времето на козите во еден здив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Додека некој од последните им викал на првите да побрзаат и да го повлечат редот со еден здив, оската на четвртата запрега пукнала насреде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Во живеењето сите луѓе се различни, а во умирањето сите се различни и сите се слични: сите ја испуштаат душата издишувајќи, ама секој издишува на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)