десетина (бр.) - ден (имн.)

Бе во една десетина дена и сношчи, та петта ли е шеста ли е, кој а знае! — одговори Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште во Баово ги продаде и двата коња на поп Мишевци и Цоцот, слезе во Сабоцко, појаде, попи и по десетина дена се врати назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За десетина дена изложбата ја посетија стотици илјади луѓе, и сите со непосреден впечаток и нескриена желба на убавите пражанки да носат некој од изложените модели...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе остане тука додека не го стабилизираме, овојпат најмалку десетина дена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Авни забрзано возеше кон Драчево, длабоко доживувајќи го, кој знае по кој пат, она што се случи пред десетина дена: смртта на Стерјо, брат на неговата љубовница Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Десетина дни Сликарот сликаше омаено, со голема творечка жед и незасит.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неколку пати дури и одела по десетина дена да седи кај своите родители и пак се враќала кај него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Првата половина од парите ѝ е исплатена уште наредниот ден, а втората половина – после десетина дена од потпишувањето на Спогодбата. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, потпишувањето на спогодбата се направи под определен притисок и со закани пренесени преку одредени вработени, а се со цел да се избегне скапата постапка на присилна исплата во еднократен износ, која би се спровела по пат на извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој не можеше најдобро да спие, се будеше рано, па можеби десетина дена и повеќе практикуваше утрински прошетки низ шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ѝ кажа на Марша дека терминот за развод е закажан. Ќе биде по десетина дена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Би сакал да почнете веднаш, утре наутро, и да завршите што поскоро, за десетина дена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беше една од повеќето тајни средби со него во која не ми беше откриена тајната која за некој ден ќе ја открие целиот свет...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И, на крајот, виде-невиде, побара да се врати десетина дена пред истекот на визата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Чекај уште десетина дена па ќе расцутиме заедно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)