десет (бр.) - ден (имн.)

За првпат по десет дена излезе на пајдос во дворот и виде светлинка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Верна неверна, тоа се стори, Луко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И еден таков, студен, зимен ден га изведоа и нашите бунтовници на суд.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
93 Следните десет дена шефовите на британските воени мисии ги поминале во разговор со Светозар Вукмановиќ - Темпо, Бојан Б`лгаранов и Венко Марковски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Господе, десет дена, па тоа е вечност. Како ли ќе ми поминат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Кажи ми што уште си загубил или пропуштил за овие десет дена?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конечно десет дена без стеги и синџири. Без прекори и повишени тонови. Конечно десет дена зад портите на рајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Пред десет дни му ги носевме на Мирона кантите и молерските четки.“ „И гледавте како тренира бокс?“ „Гледавме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Значи, славиме десет дни од нашето познанство“ , се исправи во тесна кошула. „Девет“ , дочека Јанкуло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За десет дена наслика десетина платна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Луција се врати по десет дена; не изгледаше посебно исцрпена, како првиот пат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Десет дена не го напушташе слабоста Симона. Му давав лекови што ги донесов од градот и му ги завиткував нозете со крпи во оцет. Температурата слабееше, но пак се појавуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А Претседателон само на тоа се надеваше. Имал храна само за десет дена, другите дваесет - каде...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
СИМОН: Колку ќе пливаш? Десет минути? Десет саати? Десет дена? Колку и да пливаш ќе се удавиш. Како да не си пливал воопшто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Shtraimel шубара, капа од кожув што ја носеле Ашкеназите, на јидиш Sinti малцинска етничка група слична на Ромите, прогонувани и уништувани од нацистите Sukkah колипки од прачки во кои се живеело и обедувало во текот на седумте дена на празникот Сукот Sukkot Празник на колибите, чествување на излегувањето од Египет и библиското четириесетгодишно патување на ослободеното еврејство предводено од Мојсие до Ветената земја Талмуд збирка на записи од доменот на еврејското граѓанско и религиозно право
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одлуката за колебливите, на небото се донесува десет дена подоцна, на Јом Кипур3.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ustasha Хрватско националистичко и фашистичко движење
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само Првосвештеникот на Ерусалимскиот храм може да го изговори и тоа само во храмот кој, инаку, веќе не постои, правејќи го така тетраграматонот забранет за изговор од кого било, каде било Yamim Noraim Десетте денови на восхит, десетте денови помеѓу празниците на Рош Хашана и Јом Кипур  Yarmulke еврејско молитвено капче, обредна покривка што се става на тилот  Yehudim припадник на еврејскиот народ Yerushalaim Ерусалим Yeshiva талмудско училиште Yiddish јазик на ашкенаските Евреи, еврејски говор произлезен од германскиот јазик Yom Kippur Ден на искупувањето Дури и кога се работени врз историски настани или реални  личности, прозните текстови во оваа книга се остварени како  книжевни биографии, ликови и размисли - творби на чиста  авторска имагинација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Десетте деновите помеѓу Рош Хашана и Јом Кипур се нарекуваат јамим нораим, десет страшни денови...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше петок кога дедо ми Борис во период од само десет дена, по третпат се загуби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Жими мајка не може! Има да седи, не го пуштаме помалку од десет дена!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не може десет дена да седи... - сѐ уште немаше завршено кога тетка Олга ја надвика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)