Беше потребно да се измисли несреќа со висечки мост за филмот “The falls” и така беше пронајден Силниот Непознат Настан - скратено СНН - за да можат деветнаесет милиони личности да се бутнат во една ненадејна, далекусежна и несфатлива катастрофа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бидејќи филмското разгледување на секоја од деветнаесетте милиони жртви на СНН -како мапата во природна големина - би им се потсмејувало на човечките напори, се сметаше дека е добро полето да се скуси, ако не и намерата, и да се пронајде, по пат на случаен избор, претставник на жртвите чиешто искуство би помогнало да се објасни овој феномен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А за тоа беше потребно многу повеќе од илјада и една ноќ. 66 Margina #8-9 [1994] | okno.mk Првобитниот податок за Силниот Непознат Настан требаше да се чува во Именикот на СНН на Последниот ден - збирка од досијеата на тие деветнаесет милиони жртви која ќе содржи медицински и лингвистички податоци, куса биографија и можеби некои обиди да се објасни зошто жртвата била жртва.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)