две (бр.) - дебел (прид.)

Дождот навистина упорно ги поливаше шофершајбните, додека конечно успеа да го извлече автомобилот на булеварот „Јане Санданаски“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во кујната баба ѝ на Дора сечеше дебело парче леб. Исече и две дебели парчиња сирење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)