две (бр.) - тишина (имн.)

Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се пее до коска и подлабоко, се пее дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната, еве, сепак успева да го развее знамето на својата победа, но и на своето самопредавство, капка по капка, стих по стих, истекувајќи во две тишини (“една мала, во која те сонувам / и чекам, и една голема / во која исчезнувам“).
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Секој од вокалите/раздели во „Две тишини“ има автентичен есеистички влез преку кој читателот се спроведува директно во „собата“ на песните групирани во тој и тој вокал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Последниов ракопис “Две тишини“, според околностите во кои е создаден, го сметам за свој поетски тестамент.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но, каде си? Ти и не знаејќи околу мене насели две тишини: една мала, во која те сонувам и чекам, и една голема во која исчезнувам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како што во песните од „Две тишини“ за првпат во творештвото на Поетот каменот (о)станува сал камен, така и воведните есеи допуштаат птицата на песната да слета на зборовите уште пред да се „опеснат“, фрлајќи сенка врз сѐ што се премолчало, што истекло од мислата, а не се влеало во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во контекст на неговото останато поетско творештво, пак, „Две тишини“ е автентичен одглас на сè за што веќе се пеело, но и пеење за она што (ненамерно или како и да е) се пропуштило да се опее.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Две тишини“ е и не е љубовна песна, „Две тишини“ е и не е филозофска песна,.. е и не е лична, е и не е универзална...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)