Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Помисли дека има два живота; дека неговата душа има две тела; дека неговото тело има две души; дека има способност да умножува светови и го греат две сонца...
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)