Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст, со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Застана со колата под еден орев на средселото, ја потфати прирачната торба во којашто имаше пижами, две рала долна облека, еден џемпер за секој случај, две летни кошули, несесерот со нужните дрангулии, зелениот блок хартија и, се разбира, како што му беше препорачано, митото за Петра што неговата патна торба ја правеше значително потешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)