две (бр.) - ноќ (имн.)

Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стануваше сиот мисла исполнет внатре со судрувања и искри, гол и неуловлив за себе, и далечен, се подалечен кога сакаше да стаса до себе, да се испита и да се провери, во тоа проверување да го пронајде она непознато, она што го бараше толку време, или можеби во последните две ноќи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да исчезне пресмета: од утрото кога последен пат го сонуваше ножот од овој час минаа две ноќи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така два дена и две ноќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преку ноќ чудовиштето можело да биде онакво какво што тој им го опишал но по ден тоа ќе се исплашело од темните влакнести лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само една ноќ, една ноќ и еден ден, две ноќи и два дена или три ноќи и четири дена.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Околу илјада топови пукаа. И два дена и две ноќи не запира пукањето. Нашата артилерија е зад нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно време се кажа ״ јуриш“ и откако се изврши првиот пробив, артилеријата два дена и две ноќи само бувта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)