две (бр.) - нешто (имн.)

„Добро“, рече Филозофот. „А сега, замислете дека тие две нешта постојат во светот Господов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со голема болка се разделувала од гробот на синот и чешмата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вака изгледаа тие две нешта, за кои не знаевме што се, дали живо или неживо нешто, дали билка, животно или камен: Ни ги подаде чудните сочиненија, сите тринаесет еднакви, како од еден обид да се нацртани сите, и ни рече: „Гледате ли што има нацртано на книгата?“ „Гледаме“, рековме. „Дали сите исто гледате?“ „Исто“, одговоривме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Карабеќерица имала само две нешта што сега најповеќе ги сакала и чувала: чешмата и гробнината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Водите уште посилно бликнале од чешмурките.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А човекот оној беше трговец со две нешта, оти само две нешта видов на тезгата негова на пазарот: пајаци во разни големини и од сорти разни: страшни и отровни, нестрашни а отровни, страшни а неотровни, нестрашни и неотровни; и, клучеви многубројни, златни, за непознати клучалници.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)