две (бр.) - книга (имн.)

Една од колешките ми позајми две книги за испити што требаше да ги полагам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како заборавени од секого си стоеја тие две книги на черчевето, оставени да си зборуваат, ако можат, сами со себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другата недела ми остави две книги. Од крај до крај ги читам, речиси напамет ги учам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земав две книги, ги сокрив во полата од капутот, божем ќе ги продавам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Палимпсестот е метода на работа со која настануваа и двете книги на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко уште во младоста, за време на француската окупација на родната Корча, кога служел како преведувач во француската зона командантот Едуард Огист Мортје, добил на подарок неколку француски книги меѓу кои беа двете книги од Мотескје Персиски писма (Lettres persanes), Разгледување на причините за величината на Римјаните и нивната декаденција (Considrations sur les causes de la grandeur des Romains et de leur decandance).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)