две (бр.) - група (имн.)

Двете групи имаа мешовит состав. Млади, постари, жени и мажи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ние се поделивме на две групи и се извлековме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гил ван Брусел, начелник на Одделението за наркотици при Министерството за здравје во Амстердам, смета дека ваквиот пристап претставувал клучен фактор за успехот на холандската политика: „младите можат да ја купуваат дрогата во кафулињата и да видат дека е релативно безопасна. Тие исто така можат да видат дека здравјето на уживателите на јаките дроги е сериозно нарушено“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, пак, покрај психолошкиот одвраќачки ефект, ваквата драконска казнена политика може да има и спореден контра ефект – судовите, знаејќи дека ова е престрога казна за одреден прекршок, да се воздржуваат од изрекување на глобите, што секако, повторно, ќе биде на грбот на работниците. в) Со носењето на новиот ЗРО (2005) продолжи тенденцијата на ублажување на казните за работодавачите, што подоцна беше „поправено“ во обратна насока: 63 •  наместо класификацијата на две групи казни за работодавачот – од 50.000 до 250.000 ден. и од 30.000 до 200.000 ден., кај казните за точно одредените прекршоци (чиишто број, патем речено, порасна од 23 на вкупно 31 – што секако е за поздравување), се променија износите – така што минималната граница се зголеми двојно, и сега изнесува 100.000 ден.; но, од друга страна, пак, максималната граница се спушти и сега таа изнесува 200.000 ден. (чл. 264, ЗРО/05); •  ако работодавачот е физичко лице, казната за наведените прекршоци изнесуваше од 5.000 до 7.000 ден. (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Да се одредуваат исти казни за овие две групи, вели тој, би значело мешање на две потполно различни работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпрво, со цел постигнување воедначен пристап при интервјуата кои допрва следуваа, беше направен интерен работен прашалник којшто, главно, опфаќа две групи прашања (демографски податоци за работникот и правни податоци за спорот) – кои, пак, понатаму беа класифицирани на неколку подгрупи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
17. Воопшто земено, разликувам две групи на верници.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)