две-три (бр.) - недела (имн.)

Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почесто се слушаше тоа „не“ и затоа по две-три недели од почетокот на учебната година Иле доби прекар НЕ.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Прво се јадеа крушите, кои во времето на берба поради задавливост не се ставаа в уста, но со стоењето од две-три недели угниваа и стануваа многу убави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)