Ворхол, за разлика од Морисеј, од почеток одбиваше да биде забавувач, па давањето предност на еден од нив двајца навистина зависи од сопствениот став.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тавел пишуваше и детални сценарија, но Ворхол не се придржуваше до нив; во случајот на Vinyl тој дури и ги саботираше пробите, па во филмот е видливо дека протагонистите го читаат текстот од offscreen поставените табли (“idiot sheets”). Vinyl е немарен филм, немарен во својата структура, во својата иконографија, техника и изведување; полн е со немарности во однос на ефектот, такашто дури и луѓето кои го почитуваат Ворхол повеќе ги поздравуваат и ги сакаат филмовите на Пол Морисеј, во кои идеалите на вештиот комерцијализам - а тие СЕ идеали во оваа земја - прават доследен напор да забавуваат. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 105
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)