Бидејќи цел товар оружје не можело без опасност да се внесе во градот, било договорено утрината на патот под селото Цапари да го чекаат двајца членови на Организацијата и на определен знак да им се довери да го растоварат оружјето во Цапари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Следуваше состанокот, околу Татковиот избор за судија, со другите двајца членови на државната комисија: партискиот секретар во Судот, Аспарух Зафиров, и со помошник-министерот Алал Комби.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со дозвола на Лука Џеров, кој во тие денови кога другите раководители се наоѓале на Конгресот во Смилево раководел со организационите работи во Битола, двајца членови од десетината на Ристе Самарџијата грабнале две пушки оставени во еден ан од двајца Турци и тргнале да бегаат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На средината седи претседателот на Дисциплинската комисија Мице Кокалески, лево од него членовита на Комисијата Методија Личеноски и Петре Врчковски, а од десната другите двајца членови – Спасе Ранковски и Аспасија Маткалиева која, истовремено, е и записничар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)