двајца (бр.) - бегалец (имн.)

Се најдоа и двајцата бегалци, од два спротивни тека од патот на јагулите, крај оваа река од истекот на Езерото, низ која сега патуваа спасените јагули во темната балканска ноќ.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
3 Во времето кога двајцата бегалци дојдоа меѓу бригадирците, во Струмичкото поле се биеше голема битка за исушување на злогласното Моноспитовско Блато, кое што со години веќе ги испиваше и луѓето и плодовите на земјата во овој богат крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Камионите профучуваа покрај двајцата бегалци и ги засипаа со облаци прав.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Еден од двајцата бегалци се вовлекол во станот на Мишел каде што се наоѓало неговото семејство и некои роднини.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)