двајца (бр.) - бев (гл.)

Заедничко е тоа што и двајцата беа револтирани 155 во врска со конкретниот спор, сметајќи дека Вујошевиќ нема право за тоа што го бара (исплата на заостанатите плати)!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот е покренат во месец јули 2000 година, за време на мандатот на еден функционер т.е. претседател ССМ, а е завршен во мандатот на друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првото што го слушнав, кога во еден краток момент го сретнав Котета Буџе, висок и поднаведнат, со мустаќите напред и со челото набрано од брчки како трапчиња за садење чудоцвеќе, или поточно кога мораше да се сретнеме, зашто патчето по кое двајцата бевме кинисале секој од своја страна, беше многу тесно и, откога јас му реков добарден и, не можејќи да издржам, ја спомнав и водата, тој рече:
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие двајцата беа изненадени од сложената стуктура на солунското еврејство во кое се чувствуваа повеќе, напати силно судрени идеолошки струи кои, велеше Цви, требаше да се скротат и да се стават во функција на единствениот интерес на заедницата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистината е потривијална. Се разбира дека тие двајцата беа слободни ѕидари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Воспоставивме врски поради интересот на владеењето, тие со нивниот, јас со мојот дел од луѓето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Цви доби писмена поддршка од сите еврејски групации.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Заедно го однесоа кај Перо мајсторот, кој шиеше дома и на кого му беше Павле клиент уште пред ослободувањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не беше ни скап, ни евтин - средна рака. И двајцата беа задоволни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Туку, да продолжам јас со приказната: особено двајца беа заинтересирани да се најдат во друштвото со Поетот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наизглед, немаа никаква корист еден од друг; но и двајцата имаа неодредено чувство дека се многу послични отколку што и двајцата беа спремни да признаат, а можеби и браќа, под кожа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Јас мислев се така ќе останат!“ - велеше Петре, но и двајцата беа горди дека овие големи кучиња се нивни.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Та тие и двајцата беа толку премалени за сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека тоа во оние двајца беше некаква неразбирлива желба, што ги тера сите мажи да појдат еднаш и да преспијат среде снегот, да се најдат себе си еднаш мирни среде тој снег, а после долго да прикажуваат за тоа, како за нешто големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И двајцата беа задоволни од животот без ограничувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И двајцата беа некако необјасниво фригидни на очигледните допири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дејан, низ цинична насмевка наполнета со пожолтени заби ја цитираше мудроста којашто Тодор, уште во деновите кога двајцата беа новинари во локалниот весник му ја посочуваше како врвен интелктуален дострел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Плуканките околу тиа двајца беа како разначкани птичји очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Двајцата од мртвата стража, мислам дека беа Божин и Мишо, и двајцата беа од нашето село.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И двајцата беа сонливи. Тој посегна по отфрлените униформи и ја припокри со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Двајцата беа молчаливци. Лижеа од чоканчињата и само молчеа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И двајцата беа во фесови, со бечви, со пушки на рамо и со везлиња околу појасот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А и кому другему да се обрати? Само ние двајцата бевме крај езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бричот е готов. Започнува да го сапунисува Кртот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И двајцата беа агресивни муштерии.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Додека во другите куќи преку лето беше врваленка од луѓе, тие двајца беа сами.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
После сите денови на радост и смеа, после сите убави моменти што толку брзо помина сега двајцата бевме тажни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во моментот кога двајцата беа свесни еден за друг, Елефтерија ја крена раката од надколеницата на десната нога поткрената на столот пред неа и во која, меѓу двата прста, ја држеше цигарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)