Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Џорџ Смит се сврти кон сонцето. Тоа му го опалуваше со слаб сјај лицето, а неговите очи беа два мали огна од него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Арена ги вклучува и двата мали купа од тенки правоаголни плочи изработени од: филц, восок, железо и бакар.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во меѓувреме во библиотеката влезе госпоѓа Камилска со две жолти бакарни ѓезвиња со сварено кафе и два мали филџани во бакарна навлака и две мали празни чашки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа се состои се од 100 идентични сиви метални рамки во кои беа сместени околу 400 црно-бели фотографии и фотокопии како и три брилијантно колорирани монохромни плочи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)