Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во неа се истакнува дека „е одлучено дека ние би требало да ги подмитиме протогеровистичките елементи, но под два услова: никому да не му се открие фактот дека средствата за подмитување доаѓаат од страна на Владата на Нејзиното Височество, освен на примачот и и дека нема да прифатиме политички обврски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Достигнувањето на Партијата е во тоа што создаде систем на мислење во кој и двата услова можат истовремено да егзистираат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)