Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Воедно, се соочуваше со очекувањата на оваа одредена заедница на верници во Бетани Баптист, која тој приближно ја делеше на два табора.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Претпразничната расположба, инаку, ги конфронтира луѓето во два табора: на критичари - купувачи и критикувани - продавачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)