два (бр.) - син (имн.)

А дедот Петко Беренџев од Старавина имаше два сина. Едниот на 28, а другиот на 31 година. Токму момци навреме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, одеше, седеше, лежеше, работеше, мислата му беше во Крушевица каде останаа татко му, мајка му и двата сина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти мислиш ја одгледа мои три ќерки и два сина тукутака?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Два сина, два голуби, две стреи за главата на таткото, две миризливи цвеќа под пазуви, како што велеше народната песна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така, ден по ден, сè додека Јехуда Давидовиќ не дотурка до полнолетство, и работејќи деноноќно, не фати побрзо да напредува во занаетот, не стана калфа, а по некоја година и самиот мајстор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А вдовицата и двата сина останаа да се мачат низ животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Роди два сина. Татко Ариф и чичко Сами. И три ќерки, моите тетки Мирвет, Нермин и Сервет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ги виде двата сина се смири, за неа не беше најважно што ќе речат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)