два (бр.) - куфер (имн.)

Поради здравјето, ми вели додека ја затворам вратата од лифтот, а потоа, на патот нагоре, таа започнува со кажувањето на првата приказна во текот на оваа посета и веќе е некаде кај описот на канцеларијата на адвокатот Сечков, додека јас сѐ уште ја затворам вратата од двата куфера во рацете.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Претходно исчисти ја собата (сето нечисто стави во два куфера), дотерај се, суреди си ја косата, облечи го костумот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Конечно доаѓа и возот од Скопје со мајка ми, која, иако Белград е последна станица, забрзано ми ги подава двата куфери преку прозорецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајка ми влегува прва во лифтот, потоа јас, со двата куфера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Без збор со показалецот покажав на двата куфери што беа извадени од багажникот и му давам знак дека треба да ги врати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)