Тие двајца разговараа безгласно од двата краја на крцкавиот кревет, зашто, мислеше, дека сите судбини се еднакво големи - и на човекот, и на коњот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Немај гајле, ми вели Влашето мене и зеде од коњот една вреќа струнено, ги пикна двата краја од газерот еден во друг, направи ќулавка, ја стави преку глава и заринка во снегот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Манлинг фали и некои други „параграми“, на пр. палиндромите, анацикличките („раковски“) стихови, речениците што можат да се читаат од двата краја.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Имаше право татко ми, нешто ретко и тешко одам на гробишта, а парцелите им се на двата краја од тој град на заминатите и, искрено, секогаш ми е тешко да пешачам до овој вториов.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Под неговата ќулавка наѕиркаа само двата краја од мустаќите, исукани и сиви, како вршкови од глувчи опашки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се знае: се кренат ли двата краја кој ќе трга мака...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
22. СТАПОТ ИМА ДВА КРАЈА - едниот крај е сѐ туку на лош човек в рака, а другиот е врз грбот на добриот.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Никифор Ганевски го потсети дека абердарката има два краја: едниот пука, другиот може да падне врз тилот на тој што ѝ го стиска чкрапецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дадено на буљукбашијата Суљо-ага, 4 шевар 959 година во Прилеп. – Така – издивна длабоко кадијата и се исправи та го препрочита уште еднаш писмото на глас, го здипли, го врза со една шарена врвца и двата краја од врвцата ги потпечати со восочен печат, па почна да си зборува сам: – Знам дека ќе го налутам, ама ако разбере од друг, сигурно ќе ме обеси.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во тој момент се слушнаа неколку грмежи на двата краја над улицата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мора марамата, со своите неодврзани јазли на двата краја, да ги врзуваше за нешто.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Забележав дека воопшто не бев вознемирен кога открив дека по нашиот грабеж столовите пред спомнатата кафеана ја доживеаја тажната судбина на заточеници врзани со долг синџир што дежурниот келнер некаде по полноќ го спротнуваше од потпирка до потпирка и најпосле двата краја ќе ги составеше за да ги заклучи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Меѓу двата краја на стапот татнеж со пригушувач – вековното ехо на далечните крстоносни војни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Стапот секогаш има два краја, ама стапот е секогаш она што е меѓу двата краја.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Имало кислород и во меѓупросторот и меѓувремето.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и западни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со еден не мал изнуден напор од тајната фаќајќи го светот за двата краја: за коренот и врвот едновремено тапо во стапица од сите страни да не му побегне: оти главна одлика на светот е да се движи! и кобењето ич не е лесно и некој не може да му повлијае!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)